Израел ги укинува сите епидемиолошки мерки во април

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е оптимистичен дека во април ќе ги укине сите мерки против новите соеви на коронавирусот и дека земјата ќе се врати во нормалниот тек.

EPA-EFE

Наведувајќи дека повеќе од милион луѓе постари од 16 години во земјата не се вакцинирани против коронавирусот, Нетанјаху кажа дека луѓето низ светот ги чекаат вакцините, но дека во Израел вакцините ги чекаат луѓето.

„Мораме да го смениме тоа“, кажа Нетанјаху.

Потврдувајќи ги извештаите дека Израел испраќа вакцини во други земји, Нетанјаху кажа дека на тој начин не го доведуваат во прашање вакцинирањето на ниту еден израелски државјанин.

Кажа дека целта им е да го завршат вакцинирањето на сите луѓе постари од 16 години во Израел на крајот на март и планираат земјата да ја вратат во нормалниот тек во април.

Локалните медиуми наведуваат дека управата на Тел Авив планира да испрати вакцини против ковид-19 во повеќе од 15 земји, вклучувајќи ги Палестина, Италија, Чешка и Унгарија.

Според податоците на министерството за здравство, првата доза од вакцините во Израел, кој има околу 9,3 милиони жители, ја примиле 4.537.244 лица, а втората доза 3.146.509.

Во таа земја од последици на вирусот умреа 5.648 лица, а вкупниот број случаи надмина 761.000.

Израелскиот парламент усвои закон според кој евиденцијата на вакцинираните во таа земја ќе им биде достапна на сите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе