Израел ги фати последните двајца Палестинци кои избегаа од затвор на филмски начин

Израелската војска во неделата објави дека ги фатила последните двајца палестински затвореници, од кои шестмина избегале од еден од најстрого чуваните затвори пред две недели.

EPA-EFE/ATEF SAFADI

Последните двајца бегалци биле уапсени од специјалните сили при потрага во Јенин, северниот дел на Западниот брег.

„Заедно со двајцата терористи, уапсени се и двајца помошници. Четворицата од нив се проследени на понатамошно испрашување“, соопшти војската.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги пофали сите што учествуваа во акцијата.

„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили што работеа деноноќно, и за време на празниците и на Шабат, за да го завршат случајот“, рече премиерот.

Шест затвореници избегаа од затворот со максимална безбедност Гилбо на 6 септември преку тунел ископан низ подот во бањата, за што им било потребно една година.

Минатата недела израелската војска пронајде четворица од избеганите затвореници.

Се работи за затвореници претежно осудени на доживотен затвор поради терористички напади врз Израел.

Петмина се членови на исламистичкиот џихад, а шестиот е Закарија Зубеиди високо позициониран лидер на Бригадата маченици Ал-Акса, коалиција на палестински вооружени групи на Западниот брег.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ATEF SAFADI

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе