Во напад врз Исламски џихад

Израел ги бомбардира Сирија и Газа (ВИДЕО)

Израелската војска почна серија напади врз движењето Исламски џихад во Сирија и низ Појасот Газа, потврди нејзиниот портпарол на Твитер откако воздушната одбрана на Дамаск ги пресретна непријателските ракети.

Нападот врз Сирија се случи близу полноќ во неделата, додека Појасот Газа беше гранатиран претходно истиот ден.

Портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, на Твитер напиша дека „терористички цели“ што му припаѓаат на Исламскиот џихад се гаѓани во редок случај на напади врз Сирија.

Сириската воздушна одбрана во Дамаск соборила неколку „непријателски цели“ што доаѓале од насока на окупираната Голанска висорамнина. Израел потврди дека го извршил нападот, откако на интернет беа споделени видеа од наводното пресретнување.

Дамаск и околните области честопати се наоѓаат под оган од окупираната Голанска висорамнина, при што во еден напад во почетокот на февруари беше доведен во опасност еден патнички авион.

Израел соопшти дека денешните напади се одговор на гранатирањето на југот на земјата од страна на Исламски џихад.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе