Софија

Излезна анкета на ГАЛУП, ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Податоците на социолошката агенција Галуп од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите.

Втора е Продолжуваме со промената на Кирил Петков и Асен Василев со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи – 15,2%, националистичката партија Преродба ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти Демократска Бугарија на Христо Иванов – 7 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев Бугарски подем според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти.

Под прагот за влез во парламентот остануваат Има таков народ на Слави Трифонов со 3,8 отсто, Исправи се Бугарија на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – 0,8%, а оние кои гласале Јас никого не поддржувам се 3,4 проценти.

Според агенцијата Галуп, излезноста на гласачите на парламентарните избори во Бугарија била 39,5 отсто.

Копретседателот на Продолжуваме со промената Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи, јави дописникот на МИА од Софија.

Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност. Продолжуваме со промената ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе