Изетбеговиќ: Обидот да се подели Република Српска ќе го вовлече Балканот во крвопролевање

„Ако некој се обиде во ова, конфликтите се неизбежни", рече Изетбеговиќ коментирајќи ја минатонеделната најава на претседателот на РС, Милорад Додиќ дека РС ќе се отцепи, било да е во 2018 или 2028 година.

Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, вчера за Регионалната телевизија Н1 изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата повторно би ја започнал постапката за ревизија на тужбата на БиХ против Србија.

Изетбеговиќ изјави дека повторно ќе влезе во истата постапка, за што Н1 наведува дека крена голема прашина на локалната но и на регионалната политичка сцена.

„Апсолутно. Ова се мали штети што ќе бидат санирани, имаше малку лутина во меѓучовечките односи. Овие луѓе би го направиле истото доколку беа на моето место. Кога е во прашање Јасеновац, Србите никогаш нема да се откажат. Кога е во прашање Блајбург, Хрватите никогаш нема да се откажат, се додека можат да бараат правда“, рече Изетбеговиќ.

Тој тврди дека ова не е насочено против модерната Србија.

„Тоа се однесува на времето кога режимот на Милошевиќ ја вовлече Србија во ужасни злосторства. Пресудата против тогашната Југославија воопшто не го оцртува до крај она што е направено во БиХ“, рече Изетбеговиќ.

На прашањето дали ревизијата е завршен процес, тој додаде дека е „можно некој иден собор на претседателството да го започне процесот.“

„Шанса за правдата и вистината секогаш постои. Можеме ние да им се обраќаме на ОН, но еве овој пат помина како што помина и ќе видиме по завршувањето на процесот на Младиќ дали нивниот став ќе биде ист“, рече Изетбеговиќ.

Во истото интервју за Н1, Изетбеговиќ додаде дека секој обид за поделба на Република Српска од Босна и Херцеговина неизбежно ќе доведе до конфликт, што ќе има несогледливи последици за целиот регион, додавајќи дека тоа е „црвената линија“ што претседателот на РС, Милорад Додиќ, во никој случај не би требало да се обиде да ја премине.

„Полека, ќе почнат инциденти и тоа е неизбежно, а потоа и тешки судири што ќе го повлечат Балканот во крвав круг“, го опиша Изетбеговиќ потенцијалниот развој на настаните во такви околности, пренесе Хина.

На прашањето за односот на Хрватска кон БиХ, тој повторно истакна дека хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, ја преувеличува опасноста од радикалниот исламизам и тероризам, кога зборува за илјадниците повратниците од боиштата од Сирија и Ирак.

Изетбеговиќ вели дека има впечаток дека од Хрватска доаѓаат притисоци чија цел е да се афирмира концептот Херцег-Босна, што тој го толкува како обид за завршување на воените цели со политички средства.

„Од нас се бара да сè ставиме на страна на тврдењето дека Херцег-Босна не бил здружен злосторнички потфат“, прецизираше Изетбеговиќ.

Тој е скептичен дека меѓународната заедница наскоро ќе покрене значајна иницијатива за измена на Дејтонскиот договор, иако тој генерира криза.

„Низ таа криза, ние ќе созрееме и за едно пет до 10 години ќе направиме нормална држава“, рече Изетбеговиќ.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе