Издавачите на Оксфордскиот речник: Ова е година без преседан, немаме збор на годината

Управата на издавачката служба на Универзитетот Оксфорд, издавачот на веројатно најпознатиот речник во светот, годинава, која ја нарекува година без преседан, не успеа во согласност со традицијата да избере збор на годината.

EPA-EFE

„Секоја година се бираат збор или фраза на годината според изборот на најопсежниот референтен речник на англискиот јазик, кои го одразуваат општото расположение или преокупација на населението во изминатите дванаесет месеци“, се наведува во објавата на службата на Оксфорд.

„Но, во 2020 година, исто како и во нашиот секојдневен живот, англискиот јазик претрпе големи промени, брзо и повеќе пати прилагодувајќи се на светските случувања“.

Оксфорд наместо тоа објави нов јазичен извештај наречен „Зборови на годината во годината без преседан“.

Листата ги прати историските годишни случувања, па така на листата се најдоа зборови и изрази како „bush fires“ (пожари на ниски растенија) кои ја погодија Австралија, потоа зборот „impeachment“ (политичка постапка за отповикување) и „acquittal“ (ослободувачка пресуда), кои често се користеа кога американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со проблемите во Конгресот.

Пандемијата на коронавирусот изнедри бројни зборови на листата: „lockdown“ (затворање на економијата), „circuit breaker“ (мини затворање, кратко затворање), „shelter-in-place“ (официјална одредба за време на вонредна состојба со која на луѓето им се советува да останат во домот и да не го напуштаат освен ако е неопходно), „remote/ly“ (без физички контакт, од далечина) и „unmute“ (повторно вклучување на звукот на уред).

Во текот на летото често се користеше изразот „Black Lives Matter“ (Црнечките животи значат) и неговата скратена форма БМЛ, а и теоријата на заговор Кјуанон (QAnon) и „mail-in“ (американските гласачки ливчиња испратени преку пошта).

„Никогаш не сум сведочел на ваква година, кога станува збор за јазикот“, кажа Каспер Гратвол, претседателот на Оксфорд ленгуиџис.

Како што течеше годината, тимот експерти на Оксфорд идентификувал стотици значајни нови зборови и нивни употреби и се објаснува дека во поинакви околности повеќе од нив би биле прогласени за зборови на годината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе