Избори во Словенија: Менаџер убедливо го порази Јанша

Менаџерот Роберт Голоб со својата партија Движење на слободата е убедливиот победник на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе може брзо да состави нова влада со само една или две партии, покажуваат официјалните резултати по изброени над 99 отсто од гласовите.

EPA-EFE

Пратеници во новиот состав на парламентот Државен збор кој има 90 членови, при што 88 се бираат од листите на политичките партии, а двајца од националните малцинства, добија само пет партии кои го минаа изборниот праг од 4 отсто.

Партијата на Голоб освои 35,54 отсто од гласовите и 41 пратеник, што досега не ѝ успеало на ниедна партија во историјата на словенечката демократија, а е одраз на групирањето на гласачите на левицата кои се противеа на политиката на десната влада на Јанез Јанша и „тактичкото“ гласање на гласачки на помалите партии од левиот центар.

Втори најголем број гласови на вчерашните избори доби Словенечката демократска партија (СДС) на досегашниот премиер Јанез Јанша кој веќе го призна поразот. Неговата партија освои 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички мандати, еден повеќе во однос на изборите во 2018 година.

На трето место според изборниот резултат е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) која беше членка на досегашната влада на Јанша, а чиј претседател Матеј Тонин најави дека ќе преставува конструктивна опозиција.

Партијата на Социјалдемократите (СД) која ја предводи Тања Фајон со 6.65 отсто, нешто послабо во однос на резултатот пред четири години, освои 7 пратенички места и во новата влада, најверојатно, ќе му биде партнер на Голоб како премиер кого според политичката традиција би можеле да го поддржат и двајцата малцински пратеници од редовите на унгарската и италијанската заедница.

Партијата Левица која ја предводи Лука Месец освои со 4,38 отсто од гласовите 5 пратенички места, нешто помалку од очекуваното според предизборните анкети.

Со неа во владата Голоб добива уште поуверливо мнозинство, но има аналитичари кои сметаат дека може да реши да формира „влада на национално единство“, имајќи го предвид влошувањето на општествената ситуација ако кризата во Европа продолжи и наместо Левица во владата да ја вклучи Нова Словенија, што е сепак малку веројатно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе