Итен состанок на СЗО поради новиот сој откриен во Африка, се стравува дека е најлош досега

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка, кој може да има зголемен број мутации, пренесе британски Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Тулио де Оливеира, директор на Центарот за реагирање на епидемијата и за иновации во Јужноафриканската Република, им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со ковид-варијантата Б.1.1.529, за која се стравува дека е најлоша варијанта на ковид идентификувана досега.

Потоа, СЗО одлучи да одржи вонредно заседание, кажа Де Оливеира за ФТ.

Експертите на СЗО наводно ќе разговараат за тоа дали новиот сој треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загриженост” или како варијанта „од интерес”.

Тулио де Оливеира за време на вчерашната конференција за новинарите изјави дека новиот сој има мошне голем број мутации, што носи ризик за брзо ширење на болеста.

Според последните податоци, во Јужноафриканската Република кај вкупно 77 луѓе е дијагностицирана оваа варијанта на коронавирусот. Дијагностицирана е и кај четири лица во Боцвана и кај едно во Хонг Конг (лице што дошло од Јужна Африка).

Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничување на патувањата, додека берзанските пазари низ целиот свет доживеаја пад предизвикан од неизвесноста.

Индиските здравствени службеници денеска ги ставија сите држави во состојба на готовност, барајќи да извршат „ригорозен преглед и тестирање” на патниците што стигнале од Јужна Африка, Боцвана и од Хонг Конг, како и да им влезат во трагата и да ги тестираат нивните контакти.

Нов Зеланд исто така внимателно ги следи глобалните совети за новата варијанта, а заменик-премиерот Грант Робертсон порачува дека новата варијанта е „вистински повик за будење за сите нас”, како и показател дека оваа пандемија уште трае.

Доктор Марија Ван Керков, технички лидер на СЗО за ковид-19, на вчерашната прес-конференција кажа дека сѐ уште не се знае многу за оваа варијанта.

„Тоа што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број мутации. А постои загриженост дека кога имате толку мутации, тоа може да влијае на тоа како се однесува вирусот”, изјави Ван Керкове.

Таа додаде дека истражувачите ќе се состанат за да „сфатат каде се овие мутации и што потенцијално може да значи тоа” во смисла дали тој е попренослив или дали има потенцијал да го избегне имунитетот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе