Италијанските угостители масовно ги отвораат рестораните и покрај мерките: „Владата нека ни испрати полиција“ (ВИДЕО)

Италија усвои тринасочен систем на ограничување непосредно пред католичкиот Божиќ и од тогаш ги менува мерките на регионална основа, во зависност од најновите податоци за стапката на зараза со коронавирусот. Рестораните и кафулињата во неколку региони беа присилени да затворат за да се избегнат ситуации на масовни собирања при кои не би се почитувале епидемиолошките мерки.

EPA-EFE

Но, неколку компании низ целата земја почнаа да протестираат барајќи од владата „појасни“ и почесни правила. Римскиот угостител Макс Вјетри ја држи својата пицерија отворена и покрај мерките против ковид-19 кои се во моментов на сила во тој град.

Зборувајќи за Јуроњуз, господинот Вјетри кажа: „Не сакам повеќе да затворам. Можете ова да го наречете граѓанска непослушност, но јас морам да се грижам за сопствената егзистенција. Владата мора да има јасни правила за сите претприемачи. Не можат некои индустрии да бидат отворени, а некои не. Владата ги менува правилата секој ден. Ова е апсурдно и нема врска со логиката. На тоа му оди во прилог и фактот што ни доаѓаат гости. Никој не смета дека рестораните и кафулињата можат да бидат жаришта. Пропаѓаме поради лудите правила“.

Друг италијански угостител Амандо Миноти вели дека е спремен да плати казна, но дека својот ресторан ќе го држи отворен.

„Ова е пристоен протест иако сакаат да нè прогласат за терористи. Кога ќе дојдат ковид-редарите јас ќе ги пуштам во објектот, нека ми напишат казна и нека ја повикаат полицијата. Но јас својата пицерија нема да ја затворам“, вели Миноти.

Низ цела Италија веќе со денови траат протестите на угостителите под слоганот „Ќе отворам“.

Рестораните, пабовите и кафулињата низ Италија смеат да останат отворени за јавноста само во оние региони кои се означени од страна на владата како жолти зони, но угостителите во тие зони се сведени на подготовка на храна за носење или достава.

Пет италијански региони во моментов се под најниско ниво на ограничување, додека 13 се со среден ризик. Ломбардија, Сицилија и автономната покраина Болзано од недела ќе преминат на највисоко ниво на ограничувања.

Премиерот Џузепе Конте предупреди дека Италија е на пат да го доживее третиот бран на пандемијата доколку не се почитуваат мерките на социјална дистанца. Конте неодамна во италијанските медиуми ја најави можноста за воведување уште построги мерки. „Наглиот пораст на инфекциите доаѓа и кај нас по Британија, Ирска и Германија. Нема да биде лесно, сè уште мора да се жртвуваме“, порача италијанскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе