Италијанскиот министер за надворешни работи ја нападна својата партија: Нивните ставови за Украина се незрели

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо денеска ја обвини својата популистичка партија Движење пет ѕвезди дека ги поткопува напорите на владата да ја поддржи Украина и со тоа ја ослабува позицијата на Рим во Европската унија.

Фото: ЕПА

Неговото повлекување може да сигнализира неизбежен раскол во партијата што некогаш ја водеше. Претставници на Движењето пет ѕвезди треба да се состанат денеска за да разговараат за позицијата на Ди Мајо по критиките упатени на сметка на партијата.

Внатрепартиската кавга му создава проблеми на премиерот Марио Драги бидејќи во вторник се одржува важно парламентарно гласање за Украина. Некои членови на Движењето пет ѕвезди сакаат да ја ограничат Италија да испрати дополнително оружје во земјата.

Ди Мајо во изјава рече дека владата мора да ги брани вредностите на демократијата и слободата, додавајќи дека додека сите сакаат мир рускиот претседател Владимир Путин води војна. Во тој контекст рече дека лидерите на Движењето пет ѕвезди го напаѓаат со „омраза“ и ѝ создаваат проблеми на владата со нејзините европски партнери.

„Незрел став кој сака да создаде тензија и нестабилност во владата“, нагласи тој.

Изјавата на Ди Мајо се уште не е коментирана од лидерот на Движењето пет ѕвезди и поранешен премиер Џузепе Конте. Рикардо Рикиарди еден од соработниците на Конте, рече дека Ди Мајо се свртел против неговото политичко семејство и дека треба да се соочи со последиците.

Движењето пет ѕвезди е партијата со најмногу пратеници во парламентот, а на последните избори во 2018 година освоија дури 33 отсто од гласовите. Сепак, нејзината популарност значително опадна по губењето на нејзиниот популистички имиџ поради нејзиното учество во владата.

Според последните анкети, партијата може да смета на околу 13 отсто од гласачите, а на локалните избори минатата недела освои само три отсто од гласовите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе