петок, 26 април 2024

Столтенберг од германски борбен авион го надгледуваше воздушниот простор на НАТО (ФОТО)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг леташе со ловец на Германското воено воздухопловство Луфтвафе „јурофајтер тајфун“ за време на посетата на воздухопловната база Мекленбург-Ворпромен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес ја посетив Германија и летав со тим на Германското воено воздухопловство во „јурофајтер“ авион, сведочејќи од прва рака како германската авијација помага во заштитата на НАТО воздушниот простор, вклучувајќи го и Балтичко Море, напиша Столтенберг на социјалната мрежа Икс.

Столтенберг денес во главниот град на Германија се сретна со канцеларот Олаф Шолц, како и со пратениците од одборот за надворешни работи и одбрана на Бундестагот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ