Италијанците излегоа на улиците поради новите мерки, во Милано фрлаа молотови коктели (ВИДЕО)

Во неколку италијански града се одржаа протести поради владините мерки против коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

EPA-EFE

Некои од мерките вклучуваат затворање на баровите и рестораните во 18 часот и целосно затворање на салите за вежбање, базените, киносалите и театрите.

Ситуацијата во некои градови ескалираше, а екстремистичките групи значително влијаат врз тензиите на протестите. Демонстранти врз полицијата фрлаа петарди и шишиња, а во Милано фрлаа молотови коктели и го блокираа сообраќајот.

Ситуацијата синоќа беше напната и во Торино, демонстрантите фрлаа димни бомби, а беше повреден и еден фотограф.

Претходно месецов во Рим се одржаа два различни протести на противниците на носењето маски, а еден од нив го организираа неофашисти.

Неофашистичката група Форца нуова собра повеќе стотици луѓе затоа што сметаат дека „маските се симбол на потчинетост“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе