Зголемувањето на бројот на заразени е последица на неодамнешните протести на пристанишните работници, кои демонстрираа на улиците против владината одлука за воведување „зелени пропусници“, односно потврдите за вакцинираност.
Според одлуката на италијанската влада, од 15 октомври сите вработени мора да имаат „зелена пропусница“ за да можат да работат.
Работниците на пристаништето во Трст протестираа против таа мерка и сега се најмногубројни меѓу новозаразените со коронавирусот.
„Тие маршираа низ улиците на градот без заштитни маски и поминуваа многу време заедно“, вели вирусологот Фабио Барбоне, шеф на тимот за борба против ковид од регионот Фриули Венеција Џулија.
Инфективните одделенија во болниците во Трст се полни 90 отсто, а 90 отсто од новозаразените се невакцинирани.
Отворено е ново одделение во таканаречената „Голема болница“ за да може да се лекуваат сите заразени.