Италија воведе тотална блокада за Божиќ и Нова година

Италијанската влада во петокот објави дека земјата се затвора за божиќните и новогодишните празници, бидејќи експертите предупредуваат дека сè уште е голем ризикот од епидемија на коронавирусот.

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Прифатени се рестрикциите што важат за таканаречените црвени зони - изолација на луѓето во нивните домови кои можат да ги напуштат само кога одат на работа, од здравствени причини и во итни случаи, и затворање на повеќето продавници.

Мерките ќе стапат на сила од 24 до 27 декември, од 31 декември до 3 јануари и од 5 и 6 јануари, рече премиерот Џузепе Конте по состанокот на владата.

Построги мерки се воведуваат затоа што „нашите експерти стравуваат дека кривата на инфекција може нагло да порасне за време на Божиќ“, изјави Конте пред новинарите.

Нешто поблаги мерки на портокалова зона во која на луѓето им е дозволено да се движат во градовите во кои живеат, а продавниците се отворени, освен баровите и рестораните, ќе се применуваат од 28 до 30 декември и 4 јануари.

Конте вети и пакет економска помош од 645 милиони евра за баровите и рестораните погодени од мерките за затворање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе