Италија отвори истрага поради високите цени на маските и дезинфекциските средства

Италијанските власти отворија истрага за енормно високите цени на хигиенските маски и дезинфекциските средства на интернет по избивањето на епидемијата на коронавирусот на северот на земјата, соопштија обвинителите.

Италија е најпогодената европска земја со над 260 случаи на зараза и најмалку седум мртви, главно на богатиот север.

Како што се ширеше вирусот, голем број аптеки останаа без маски и дезинфекциски средства, а луѓето почнаа да ги набавуваат на интернет каде цените драматично пораснаа.

„Цената на маските на интернет порасна од еден цент на десет евра, а литар дезинфициенс кој минатата недела се продаваше за седум евра од вчера чини 39 евра“, изјави заменичката на државниот обвинител во Милано Тицијана Сицилијано.

Полицијата ги предупреди граѓаните дека криминалци користат лажни документи и се претставуваат како санитарни инспектори за да влезат во куќите и становите за да крадат пари и други драгоцености.

Истовремено, Светската здравствена организација (СЗИ) оцени дека Италија ги презема соодветните мерки за сузбивање на коронавирусот, со акцент на спречувањето на пренесувањето од човек на човек.

„Мерките кои ги преземаа италијанската и регионалните влади се прилично остри и би требало да го задржат вирусот што е можно повеќе“, изјави портпаролот на СЗО Кристијан Линдмејер.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кажа денес дека евентуалните „ограничувања“ кои другите држави би им ги наметнале на Италијанците поради коронавирусот би биле „неправедни и неприфатливи“ бидејќи Италија има еден од најефикасните и најстроги здравствени системи во светот.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе