Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брзата кампања на вакцинирање против коронавирусот. Израелците првите дози од вакцината почнаа да ги примаат на 19 декември.
Израел на Фајзер секој ден му испраќа податоци за кампањата за вакцинирање на населението, во согласност со договорот за соработка кој треба да им помогне на останатите земји да ги прилагодат сопствените начини и темпото на вакцинирање.
Експертите на ХМО Макаби веќе кажаа дека станува збор за првични податоци, но дека бројките се охрабрувачки.
Од 20 заразени лица половина боледувале од хронични болести. Сите покажувале само благи симптоми, како главоболка, кашлица, општа омалаксаност и замор, но никој од вакцинираните не е хоспитализиран ниту имал температура повисока од 28,5 Целзиусови степени. Повеќето се тестирани на ковид-19 поради контакт со лице кај кое е потврдена заразата.
Анат Ека Зохар, директорка на Одделот за информатичко и дигитално здравство во ХМО Макаби, кажа дека службата ќе продолжи да ги надгледува истите пациенти за да се утврди дали и понатаму имаат само благи симптоми или кај нив евентуално ќе се развијат некакви компликации.
Повеќе од 2,6 милиони Израелци досега ја примија првата доза од вакцината, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со две. Израел има околу 9 милиони жители.
Израелските власти известија за околу 600.000 случаи на зараза со коронавирусот и за 4.478 смртни случаи од почетокот на избивањето на епидемијата.