Истражување: Најчестите симптоми на зараза кај оние кои се вакцинирале

Како што се развива ситуацијата со ковид-19, односно како што вирусот еволуира, се менуваат и симптомите што оваа болест ги предизвикува кај луѓето. Губењето мирис, на пример, порано беше еден од значајните показатели за инфекција со коронавирус, но сега е само деветтиот најчест симптом кај оние кои имаат зараза (и кои не се вакцинирани).

Фото: Роберт Атанасовски

Исто така, постојат разлики во тоа како болеста се манифестира кај оние кои примиле една или две дози вакцина, покажа британската студија ЗОЕ ковид-19. Иако постојат сличности во симптомите помеѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се вакцинирани, постојат и некои разлики.

Симптоми кај оние кои не се вакцинирани:

Според студијата, овие се моментално најчестите симптоми при зараза со ковид кај оние кои не се вакцинирани:

1) главоболка

2) болки во грлото

3) течење на носот

4) температура

5) постојана кашлица.

Така, губењето на мирисот веќе не е меѓу првите пет најчести симптоми. Губење на здив сега е, на пример, на триесеттото место.

Симптоми кај оние кои примиле една доза на вакцина:

1) главоболка

2) течење на носот

3) болки во грлото

4) кивање

5) постојана кашлица.

Симптоми кај оние кои примиле две дози на вакцина:

1) главоболка

2) течење на носот

3) кивање

4) болки во грлото

5) губење мирис.

Претходните „традиционални“ симптоми како што се анозмија (губење мирис), губење на здив и треска се рангирани подоле на листата, на 5, 29 и 12 место соодветно. Постојаната кашлица сега е на 8 место, така што веќе не е врвен индикатор за појава на ковид.

Во истражувањето е забележано дека луѓето кои биле вакцинирани, а потоа биле позитивни на ковид-19, имаат поголема веројатност да пријават кивање како симптом во споредба со оние без вакцина.

Треба да се напомене дека симптомите кај оние кои примиле две дози вакцина пократко траеле, односно дека имале помалку сериозни симптоми на болеста.

„Постојат неколку причини зошто симптомите можат да се менуваат“, наведуваат научниците кои работеле на истражуањето.

„На пример, сега големиот број случаи на зараза се меѓу помладите луѓе, за кои знаеме дека имаат поблаги симптоми. Исто така, оние кои се вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми“, додаваат тие.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе