Истражување: Колективниот имунитет во Јапонија е близу 90 проценти по бранот омикрон

Имунитетот на јапонската популација на ковид-19 достигна околу 90 проценти во поголемите населени области по неодамнешниот бран омикрон, но тоа ниво на заштита веројатно ќе се намали за неколку месеци, според студијата објавена денес.

Фото: ЕПА

Тоа ниво на таканаречениот „имунитет на стадо“ ја одразува делумната заштита обезбедена од природната инфекција и вакцинацијата, според Токиската фондација за истражување на политики, која ги процени нивоата за 12 најнаселени префектури во Јапонија.

Луѓето во Токио, Осака и јужната префектура Окинава пред сѐ го стекнале својот имунитет преку зараза поради големиот број случаи во тие области, особено за време на седмиот бран на инфекција што го достигна својот врв минатиот месец, открија научниците.

Околу 65 отсто од населението во Јапонија примило најмалку една дополнителна вакцина против ковид, во споредба со околу 33 отсто во Соединетите Држави, врз основа на владините податоци.

Јапонија почна да дистрибуира вакцини прилагодени на варијантата омикрон минатата недела. За нова доза треба да поминат најмалку пет месеци од претходната вакцинација, иако тоа може да биде предолго за да се обезбеди заштита за постарите и ранливите групи доколку проектираниот осми бран се појави на крајот на годината, пишуваат научниците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе