Елементи на кривично дело

Истрага поради молчењето за состојбата на Земан

Чешката полиција вчера отвори истрага за тоа дали соработниците на претседателот Милош Земан извршиле кривично дело со тоа што не ја известиле јавноста или највисоките функционери дека тој е премногу болен за да ја врши должноста.

EPA-EFE

Шефот на кабинетот на Земан, Вратислав Минар, е под притисок на властите, вклучувајќи го премиерот Андреј Бабиш, да поднесе оставка поради таинственоста околу здравствената состојба на 77-годишниот претседател кој на 10 октомври беше префрлен на интензивна нега.

Соработниците не зборуваа многу за состојбата на Земан, но претседателот на горниот дом на парламентот Милош Вистрчил во понеделникот кажа, повикувајќи се на болнички извештај, дека Земан не е во состојба да ја врши должноста додека е на интензивна нега и дека е малку веројатно дека во скоро време ќе се врати на работа.

Болницата го известила Минар за сериозноста на состојбата на Земан на 13 октомври, кажа Вистрчил, а кабинетот на претседателот таа информација не ја споделил со други високи функционери ниту со јавноста.

Наместо тоа, Минар го повел претседателот на долниот дом да го види Земан на 14 октомври и кажал дека претседателот потпишал декрет за седница на парламентот.

„По повод новите информации, кои ги објави Сенатот, полицијата ќе отвори истрага за можни незаконски постапки, во кои има назнаки за злосторство против републиката“, објави чешката полиција на Твитер.

Врз основа на болничкиот извештај, горниот дом на парламентот иницирал дебата за тоа дали треба да се активира уставната одредба за ослободување на претседателот од должноста додека не биде во состојба да ја врши.

Бабиш претходно најави дека е спремен да ја предаде власта. Тој истакна и дека можеби е прерано да се ослободи Земан од должноста, но, опишувајќи ги постапките на Минар како „апсолутно неприфатливи“, кажа дека шефот на кабинетот на претседателот треба да биде сменет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе