Коронавирус

Испораката на помош од Алибаба за Куба запрена поради американските санкции

Куба ја критикуваше американската „криминална блокада" на земјата, откако поради ембаргото беше спречена испораката на комплетите за тестирање за ковид-19 и вентилаторите донирани од кинескиот тајкун за електронска трговија Џек Ма.

„Криминалната блокада од империјалната влада ги прекршува човековите права на кубанскиот народ“, напиша во средата на Твитер претседателот Мигел Дијаз-Канел.

Претставникот на Куба во Пекинг, Карлос Мигел Переира, објасни дека била ангажирана американска фирма да испорача медицински добра потребни за борба против ковид-19, кои биле донирани од фондот што го води Џек Ма, кинески филантроп и сопственик на гигантот за електронска трговија Алибаба. Сепак, фирмата „во последен момент“ одби да ја достави пратката, рече Переира.

Според новинската агенција Синхуа, компанијата особено била загрижена поради можноста да биде прекршен американскиот закон Хелмс-Бартон од 1995 година, со кој се зајакнати санкциите против Куба.

Куба има 212 потврдени случаи на ковид-19, со шест смртни случаи, според податоците собрани од универзитетот Џон Хопкинс.

Ма минатиот месец објави дека неговата фондација ќе им донира неопходни медицински материјали на Куба и на 23 други нации од Карибите и Јужна Америка. Донацијата содржела 2 милиони маски, 400.000 тест-комплети и 104 вентилатори.

САД го одржуваат трговското ембарго против Куба уште од 1960 година.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе