Испловија уште пет брода со пченка и пченица од Украина

Уште пет брода ги напуштија украинските пристаништа со пченка и пченица, три од Черноморск и два од Пивдени, како дел од договорот за извоз на жито со посредство на Обединетите нации (ОН), соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Се додава дека уште четири брода што патуваат за Украина денеска ќе бидат прегледани од заедничкиот координативен центар формиран во Истанбул од Русија, Турција, Украина и Обединетите нации.

Еден од бродовите што тргна во вторникот беше „Храбриот командант“, кој го однесе првиот товар со хуманитарна помош во храна за Африка од Украина од руската инвазија, покажаа податоците на Рефинитив Еикон.

Украина во септември може да извезе 3 милиони тони жито од своите пристаништа, а во иднина од нив може да извезува 4 милиони тони месечно, изјави денеска заменик-министерот за инфраструктура Јуриј Васков.

Тој рече дека Украина добила молби за доаѓање на 30 брода во следните две недели заради извоз на жито.

Украинскиот извоз на жито опадна откако Русија изврши инвазија на 24 февруари и ги блокираше пристаништата на Украина во Црно Море, но три пристаништа на Црно Море минатиот месец беа одблокирани според договорот меѓу Москва и Киев, кој овозможи стотици илјади тони украинско жито да бидат испорачани до купувачите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе