Исчезнаа „100.000 загинати украински офицери“ од говорот на Фон дер Лаен (ВИДЕО)

Европската комисија ја избриша изјавата за 100.000 загинати украински офицери од видео-пораката и пишаното соопштение на шефицата на ЕК Урсула фон дер Лаен.

EPA-EFE

Шефицата на ЕК во соопштението на Твитер наведе дека е неопходно Русија да се повика на „меѓународна одговорност“ поради случувањата во Украина и да се употребат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

Во прилог на тоа, Фон дер Лаен истакна дека од почетокот на специјалната воена операција на Русија „според досегашните проценки загинале над 100.000 украински офицери и над 20.000 цивили“.

Меѓутоа, подоцна од нејзиното обраќање беше избришан делот за бројот на загинати офицери и цивили.

Европската комисија потврди дека од изјавата на Фон дер Лаен ги избришала информациите за загинатите украински офицери.

„Им благодарам многу на оние кои укажаа на непрецизните бројки во претходната верзија на видеото. Проценката од надворешни извори, која е користена, требаше да се однесува на жртвите, односно и загинатите и ранетите, и требаше да ја покаже суровоста на Русија“, објави на Твитер претставничката на ЕК Дана Спинат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе