„Целта е да се отстрани товарот на санкциите“

Иранскиот претседател изрази спремност за соработка со Бајден

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера кажа дека е спремен да соработува со новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

EPA-EFE

„Целта ни е да го отстраниме товарот на американските санкции од грбот на иранскиот народ... таа цел е во согласност со националните интереси“, кажа Рохани во говор кој го пренесуваше националната телевизија.

Тој кажа дека Иран е спремен за преговори со Соединетите Американски Држави, под услов Бајден да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година и да ги укине санкциите кои ги воведе претседателот Доналд Трамп.

„Мора да направиме сè за нашата земја и нашиот народ да ги вратиме во времето меѓу 2016 и 2017 година, по нуклеарниот договор и укинувањето на санкциите кога Иран доживуваше економски раст“, кажа Рохани.

Тој ги повика своите противници да не ги попречуваат овие цели. Иранските поддржувачи на потврда политика се противат на прозападната политика на Рохани и нуклеарниот договор и навиваа за победа на Трамп.

Советникот на иранскиот претседател Дјако Хосеини очекува Трамп да го искомплицира Бајденовото враќање на нуклеарниот договор со „саботажа“ пред да ја напушти функцијата.

„За да ги неутрализираме овие планови, треба да бидеме воздржани додека новата американска влада не ја преземе должноста во јануари и да не дозволиме да нè испровоцираат“, кажа Хосеини.

Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година, кој требаше да ја ограничи иранската нуклеарна програма и да спречи Иран да развие нуклеарно оружје, во замена за укинување на меѓународните санкции.

Тој му воведе и нови санкции на Иран, туркајќи ја земјата во најтешката економска криза во историјата, која ја влоши и пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе