Иранскиот претседател до Бајден: Укинете ги злосторничките санкции на Трамп

Иранскиот претседател Хасан Рохани кажа денес дека е разочаран од досегашната работа на американскиот претседател Џо Бајден поради немањето напредок околу договорот за нуклеарната програма и санкциите на Вашингтон.

EPA-EFE

„Сè уште не сме ја виделе добрата волја на новата влада“, кажа Рохани за иранската државна телевизија.

Тој го повика новиот американски претседател веднаш да ја укине политиката на максимален притисок која ја воведе неговиот претходник Доналд Трамп и да ги укине „злосторничките економски санкции“ врз Иран.

Новата американска влада го повика Техеран да го почитува нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година.

Трамп во 2018 година го напушти тој договор и ѝ воведе нови санкции на блискоисточната држава, по што Иран почна отворено да крши одредби од договорот.

Рохани неколку пати порача дека сака да избегне понатамошна ескалација на спорот, но соочен е и со колапс на иранската економија под санкциите.

Иранскиот лидер им го постави февруари како рок на САД да ги укинат санкциите, кажувајќи дека во спротивно Техеран ќе почне да користи други средства, како ограничување на пристапот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Бајден сака Иран да се откаже од кршењето на одредбите пред враќањето на договорот и ублажувањето на санкциите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе