На голема воена вежба

Иран тестираше нови балистички проектили (ВИДЕО)

Иранските власти денес, во рамки на голема воена вежба, лансираа балистички ракети против воени бродови кон симулирана мета во Индискиот Океан, јави државната телевизија на Иран.

EPA-EFE

Во време на интензивирани тензии на Техеран и Вашингтон поради иранската нуклеарна програма и американскиот притисок врз Иран, елитната единица Чувари на исламската револуција ја гаѓале метата која државната телевизија ја опиша како „хипотетички непријателски бродови“ оддалечени 1.800 километри.

Во прилогот, во кој се гледа како два проектили ја погодуваат метата, иранската телевизија не наведе кој тип на проектил е користен.

Чуварите на исламската револуција вчера, за време на првата фаза на вежбата, лансирале балистички ракети земја-земја и беспилотни летала против „хипотетички непријателски бази“.

Воената вежба која според наводите на државната телевизија се одвива во голема пустина во централниот дел од земјата, е најновата во серијата вонредни во време на засилените тензии околу иранската нуклеарна програма.

Претставени беа и нов носач на хеликоптери и нов ракетен брод кој ќе пружи поголема безбедност во Заливот што се однесува до потенцијалните воени закани од САД, наведуваат ирански извори.

Во последните недели во Иран кружеа нагаѓања дека американскиот претседател во заминување Доналд Трамп би можел да испровоцира воен конфликт со Иран пред да замине од Белата куќа.

Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф изјави дека Трамп и неговиот државен секретар Мајк Помпео сакаат да го продолжат „военото провоцирање“ во своите преостанати денови на власт.

„На светот ќе му биде подобро без нив“, напиша Зариф на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе