Отфрлија секаква врска со напаѓачот

Иран: Ружди и неговите поддржувачи се виновни за нападот

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани рече дека Салман Ружди и неговите поддржувачи се виновни за нападот во кој славниот писател минатиот петок беше неколку пати избоден со нож на јавен настап во американската држава Њујорк.

Фото: ЕПА

„Категорично негираме каква било поврзаност меѓу агресорите и Иран и никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“, рече Канани во првата официјална реакција на Техеран по нападот.

Слободата на говор не ги оправдува навредите на Ружди кон религијата во неговото пишување, рече Канани на брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Иран нема други информации за напаѓачот на Ружди, освен она што се појави во медиумите.

Ружди е познат по книгата „Сатанските стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот беше принуден да се крие во Велика Британија една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини една година подоцна издаде религиозен декрет (фатва) со кој им нареди на верниците да го убијат писателот за наводна навреда на исламот во романот.

Во 1998 година иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но дека нема ни да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло во меѓувреме умрело, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе