Иран: Нуклеарниот научник е убиен со митралез контролиран од паметен сателит

Атентатот врз водечки ирански нуклеарен научник минатиот месец бил извршен од далечина, со помош на вештачка интелигенција и митралез опремен со „паметен систем контролиран од сателит“, пренесе новинската агенција Тасним тамошен воен командант.

Фото: ЕПА

Иран го обвини Израел за убиството на Мохсен Факризадех, кого западните разузнавачки служби го сметаа за креатор на тајната нуклеарна програма на Иран.

Израел не ја потврди ниту ја негираше одговорноста за неговото убиство, но во минатото има признаено дека водел тајни операции за собирање разузнавачки информации за иранската нуклеарна програма.

Иран даде контрадикторни детали за смртта на Факризадех во заседа поставена на 27 ноември на автопат недалеку од Техеран.

„Немаше терористи на теренот... Маченикот Факризадех возеше (автомобил) кога оружјето го зумирало со помош на напредна камера“, рече на церемонијата во неделата Али Фадави, заменик-командант на Иранската револуционерна гарда, за Тасним.

„Митралезот бил поставен на камион и управуван од сателит“, рече тој.

Фадави ова го рече откако иранските власти објавија дека им влегле во трага на атентаторите, иако сè уште нема апсења. Набргу по убиството на Факризадех, очевидци за државната телевизија изјавија дека камионот експлодирал пред група напаѓачи да отворат оган кон неговиот автомобил.

Минатата недела, Али Шамкани, секретар на Врховниот ирански совет за национална безбедност, рече дека убиството било извршено со „електронски уреди“ и без луѓе на теренот.

Експертите и официјалните лица минатата недела за Ројтерс изјавија дека атентатот на Факризаде открил безбедносни пропусти, што значи дека безбедносните сили се инфилтрирани и дека Иран е ранлив на идни напади.

„Околу 13 истрели беа испукани кон маченикот Факризадех од сателитски контролиран митралез... За време на операцијата беа користени вештачка интелигенција и препознавање лица“, рече Фадави. „Неговата сопруга, која беше во истиот автомобил, оддалечена 25 см од него, не беше повредена“.

Факризаде е петтиот ирански нуклеарен научник убиен во насочени напади во Иран од 2010 година и тоа е втор атентат врз висок ирански функционер во 2020 година.

Командантот на елитната единица Кудс во рамките на Револуционерната гарда, Касем Солејмани, беше убиен во напад од американско беспилотно летало во Ирак во јануари. Техеран одговори на убиството со истрелување ракети кон американските воени цели во Ирак.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе