Иран: Израел ќе плати висока цена за нападите врз Палестинците

Командантот на иранската елитна Револуционерна гарда Хосеин Салами изјави денес дека Израел ќе плати висока цена за нападите врз Палестинците во Газа, јави иранската државна телевизија.

EPA-EFE

„Израелците ќе платат уште една висока цена за своите неодамнешни злосторства“, кажа генерал-мајорот Хосеин Салами мислејќи на воздушните напади на Газа.

Салами денес се сретна со лидерот на Исламски џихад Зијад ал Нахал, кој во моментов се наоѓа во Иран.

Израелската воена авијација го нападна Појасот Газа и позициите на екстремистичката група Исламски џихад, а палестинската страна возврати со ракетирање на Израел, со што заврши релативното затишје во пограничниот појас кое траеше повеќе од една година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе