Иран: Хакерски напад врз администрацијата на нуклеарната централа во Бушер

Иранската Агенција за атомска енергија соопшти дека хакери во име на странска држава упаднале во мрежата на компанијата која управува со нуклеарната централа.

Фото: ЕПА

За хакерскиот напад одговорноста ја презеде анонимната хакерска група, која себеси се нарекува „Црна награда“ и бара Техеран да ги ослободи политичките затвореници уапсени за време на протестите низ целата земја.

Хакерската група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа во Бушер, која е поддржана од Русија.

Хакерскиот напад доаѓа во време кога Иран се соочува со немири низ целата земја предизвикани од смртта на Махса Амини, која беше приведена на 16 септември поради наводно непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Иранската агенција за нуклеарна енергија соопшти дека хакерите упаднале во системот за електронска пошта што го користи компанијата, која управува со единствената нуклеарна централа во земјата во јужниот пристанишен град Бушер.

Агенцијата за нападот обвини „странска земја“, без дополнително објаснување. Иран ги обвини САД и Израел за претходни сајбер напади.

„Овие незаконски напори биле направени од очај за да се привлече вниманието на јавноста“, велат од Агенцијата.

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе