Иран го обвини Вашингтон за подгревање на тензиите на Блискиот Исток

Иран ги обвини Соединетите Американски Држави дека ги подгреваат тензиите на Блискиот Исток, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден ја заврши турнејата на Блискиот исток.

Фото: ЕПА

Бајден во саботата во Техеран co провиднo навестување пред арапските претставници рече дека САД нема да толерираат една земја да се обидува да доминира со друга во регионот преку воени засилувања, упади или закани.

„Вашингтон обидувајќи се да создаде тензии во регионот уште еднаш прибегна кон политика на фобија кон Иран и тоа не даде резултат“, изјави Насер Канани, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.

Тој рече дека овие лажни наводи се во согласност со политика на Вашингтон во регионот.

Неколку дена пред доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Техеран, Бајден исто така нагласи дека неговата земја нема да се оттргне од Блискиот Исток и да остави празнина која би можеле да ја пополнат Кина, Русија или Иран.

Во изјава по состанокот во Џеда арапските лидери и Вашингтон повикаа да се зајакнат заедничките способности за одвраќање на „растечките закани“ од беспилотни летала.

САД и Израел го обвинуваат Иран дека користи беспилотни летала и ракети за да ги нападне американските сили и бродови поврзани со Израел во Персискиот Залив и да го дестабилизира регионот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе