Иран бара од Западот ветување за извозот на нафта пред продолжувањето на преговорите

Иран побара од САД и нивните сојузници да ветат дека ќе му дозволат да извезува сирова нафта, пред да продолжат виенските преговори за заживување на меѓународниот нуклеарен договор на Техеран и големите сили.

EPA-EFE

Министерот за надворешни работи на Иран Хосеин Амир Абдолахијан навести дека Иран останува цврсто на својата позиција на преговорите за заживување на договорот од 2015 година, неодамна прекинати по тензиите околу новите барања на Техеран.

Иран сака во центарот на претстојната рунда преговори да биде неговата нафтена индустрија, погодена од санкциите, кажа Абдолахијан.

„Целта е да дојдеме до тоа иранската нафта да се продава лесно без какви било бариери и парите од неа да стигнуваат на сметки во иранските банки“, кажа шефот на иранската дипломатија.

Со договорот од 2015 година Техеран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на економските санкции. Меѓутоа во 2018 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и повторно му наметна остри санкции на Техеран.

Санкциите го опфатија секторот на нафтената индустрија, клучен за иранската економија. Извозот на иранската сирова нафта значително падна, а меѓународните нафтени компании ги раскинаа договорите со Иран, што ја ослабе економијата на земјата.

Новата, поконзервативна администрација на иранскиот претседател Ебрахим Раиси повеќе пати побара укинување на сите економски санкции за Иран да го ограничи нуклеарното напредување.

Министерството за надворешни работи на Иран денес соопшти дека би било недозволиво Западот од Техеран да бара што било надвор од рамките на првичниот договор.

Во виенските преговори се вклучени сите страни од првичниот договор – Иран, Британија, Франција, Германија, Русија и Кина. Иран одбива директно да преговара со американскиот претставник кој се наоѓа во Виена, а улогата на посредник ја има претседавачот со преговорите, дипломатот на ЕУ Енрике Мора.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе