Индискиот врховен суд нареди работа од дома поради загадувањето во главниот град

Врховниот суд на Индија во понеделникот нареди затворање на компаниите и канцелариите во и околу главниот град Њу Делхи, што ќе им овозможи на милиони луѓе да работат од дома, додека властите бараат решенија за намалување на високото ниво на загаденост на воздухот што доведе до затворање на училиштата.

Фото: ЕПА

Судската одлука дојде откако градските власти во Њу Делхи, кои се борат со загадениот воздух од почетокот на месецот, минатата сабота презедоа вонредни мерки и одлучија да ги затворат училиштата и да ги стопираат градежните работи на четири дена.

„На целиот регион во кој се наоѓа нашиот главен град, во меѓувреме, му е наложено да воведе работа од дома“, рече судијата Н.В. Рамана, исто така претседател на тричлената работна група која ја разгледува жалбата испратена од граѓанин на индиската престолнина.

Судот, исто така, повика на итни мерки во соседните држави Харајана, Пенџаб и Утар Прадеш за да се запрат пожарите што ги палат земјоделците сакајќи да се ослободат од отпадот од посевите и да ги исчистат своите ниви пред почетокот на новата сезона на сеидба.

„Сакаме да видиме акција на дело кога станува збор за овој проблем“, рече судијката Сурија Кант. И покрај тоа што судот не одреди рокови, на прашањето за загадувањето ќе се расправа во среда.

Напорите на Индија да се справи со проблемот со горењето на отпад од посевите, главен извор на загадување во зимските месеци, не дадоа резултати и покрај издвојувањата од неколку милијарди рупии во последните четири години.

Индексот на квалитетот на воздухот е 343, на скала до 500, покажуваат податоците измерени во понеделникот во Делхи, што укажува на многу лош квалитет на воздухот, кој во случај на подолга изложеност може да предизвика респираторни заболувања.

Главниот град на крајот на минатата недела, со пад на температурата, успеа да достигне индекс од високи 499.

Врховниот суд донесе и мерки за запирање на сообраќајот на возила кои не се неопходни и со кои се ограничува нивото на индустриско загадување и емисијата на прашина.

Делхи често е на врвот на листата на најзагадени престолнини во светот, а за загадувањето на воздухот придонесуваат електраните на јаглен, лоцирани надвор од градот и палењето ѓубре на отворено.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе