Индија и Русија склучија договори за трговија и оружје

Русија и Индија потпишаа низа договори за трговија и оружје за време на посетата на претседателот Владимир Путин на Њу Делхи, вклучително и договор според кој Индија ќе произведе повеќе од 600.000 калашникови.

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Путин отпатува во Индија во придружба на руските министри за одбрана и за надворешни работи, во време на екстремно затегнати односи меѓу Русија и САД, исто така клучен индиски партнер, кој изрази резервираност за растечката воена соработка меѓу Москва и Њу Делхи.

Во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди се вели дека Русија и Индија „ја повториле намерата да ја зајакнат одбранбената соработка, вклучително и заедничкиот развој на производство на воена опрема“.

Со договорот дека Индија ќе произведува јуришни пушки АК-203, Русија соопшти дека е заинтересирана и понатаму на Индија да ѝ испорачува системи за противвоздушна одбрана С-400.

Индискиот министер за надворешни работи Харш Вардан Шрингла рече дека двете земји потпишале 28 инвестициски договори, вклучувајќи договори за челик, бродоградба, јаглен и енергија. Тој додаде дека во моментов се спроведува договорот од 2018 година за ракетните системи С-400.

„Испораките започнаа овој месец и ќе продолжат“, рече тој, мислејќи на С-400.

Со договорот со Москва за набавка на воена опрема, Индија ризикува американски санкции.

Руската нафтена компанија Роснефт соопшти дека потпишала договор со компанијaта Индијан Оил за снабдување на Индија со околу 2 милиони тони нафта до крајот на 2022 година.

Двете земји потпишаа и меморандум за разбирање според кој Русија треба континуирано да ја снабдува Индија со јаглен за да го поддржи нејзиното производство на челик.

Путин и Моди разговараа и за ситуацијата во Авганистан, изразувајќи ја својата посветеност да се осигура земјата никогаш повеќе да не стане безбедно засолниште за меѓународeн тероризам.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе