Конфликтите избија за време на посетата на американскиот претседател

Индија ги обвини САД за политизирање на религиозните конфликти (ФОТО)

Индија денес ја обвини американската Комисија за верски слободи дека го политизира насилството во Њу Делхи во кое загинаа најмалку 30 лица, а повредени се повеќе од 200, пренесе АП.

Насилните судири меѓу Хиндусите и муслиманите што избувнаа за време на првата посета на американскиот претседател Доналд Трамп во земјата, се најтешки во последните години, како што се гледа по продавниците, муслиманските светилишта и возилата во пламен.

Иако немирите во голема мера се смирија, болнички извори велат дека бројот на повредени е зголемен.

Американската комисија за меѓународни верски слободи вчера соопшти дека е длабоко вознемирена од насилството и фактот дека полицијата не интервенирала за време на нападот врз муслиманите. Полицијата и сојузната влада на Индија ги негираа овие тврдења.

„Владата не успеа да ја исполни својата должност и да ги заштити своите граѓани“, рече член на комисијата Анурим Баргава.

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека тврдењата на американската комисија се неточни и погрешни со цел да се политизира ова прашање.

Денес, исто така можеле да се видат запалени продавници и возила по патиштата во Чандбаг, каде доминира муслиманско население. На улиците каде патролира полицијата, можеле да се видат многу остатоци од стакло и запалени бензински бомби.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе