Името на наследникот на Борис Џонсон ќе биде познато на 5 септември

Името на наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија треба да биде познато на 5 септември, објави парламентарната комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање.

Фото: ЕПА

Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатури ќе биде завршено утре, а првиот круг на гласање во кој ќе бидат елиминирани неколкуте од засега 11 пријавени кандидати, ќе се одржи веќе во среда.

Џонсон, кој на 7 јули поднесе оставка од местото лидер на конзервативците, тогаш изјави дека ќе остане на чело на владата до изборот на нов лидер на партијата, кој автоматски ќе стане и премиер.

Досега, 11 кандидати изразија желба да го наследат Борис Џонсон како лидер на владејачката Конзервативна партија и премиер, откако тој поднесе оставка поради побуна на неговите пратеници и министри по серијата скандали.

Битката за премиерската функција доаѓа по еден од најбурните периоди во модерната британска политичка историја, кога повеќе од 50 владини министри и помошници поднесоа оставки, осудувајќи го карактерот и интегритетот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Откако неговата влада се распадна поради низа скандали, тој беше принуден да се повлече од премиерската функција.

Џонсон го напушта Даунинг стрит по помалку од три години на функцијата, и покрај тоа што освои големо мнозинство на општите избори во 2019 година.

Во Велика Британија, премиерите се назначуваат врз основа на оствареното мнозинство во Долниот дом на парламентот. Ако една партија го добие мнозинството на изборите, тогаш лидерот на таа партија станува премиер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе