Како одговор на објава за цензура на „Грејтбарингтонската декларација“

Илон Маск: Шведска беше во право

Сите пишуваме за Шведска уште од почетокот на април. Во времето кога остатокот од светот беше во целосен карантин, малата скандинавска земја беше единствената што ги држеше отворени сите свои продавници, училишта и економија. Наместо да го следат кинескиот пристап на блокада, шведските здравствени власти презедоа соодветни безбедносни мерки за да го зачуваат здравјето на своите жители.

Фото: ЕПА

Денес, Шведска докажа дека експертите не се во право: додека случаите на коронавирусот растат низ цела Европа, земјата му се враќа на нормалниот живот, дури и без маски за лице и карантин. Во мај, шведскиот епидемиолог д-р Јохан Гизеке објасни дека политиките на карантин поради коронавирусот се погрешни и дека не се базираат на докази.

Исто како и Шведска, сега група научници и лекари предводени од Сунетра Гупта од Универзитетот во Оксфорд, Џеј Батакарија од Универзитетот Стенфорд и Мартин Кулдорф од Универзитетот Харвард ги повикуваат владите низ целиот свет да ги прекинат „разорните“ карантини. Оваа недела, групата го напиша предлогот наречен „Грејтбарингтонска декларација“. Стратегијата предложена во „Грејтбарингтонска декларација“ може да се најде во писмо потпишано од меѓународна група научници, кои даваат идеи за борба против пандемијата.

Сепак, се чини дека предлогот на „Грејтбарингтонска декларација“ е блокирана на Гугл. Во еден твит, британскиот коментатор Тоби Јанг вели:

„Гуглајте ја ‘Грејтбарингтонска декларација’. Не се појавува. Таа е блокирана. Дискусијата за неа е цензурирана и од Редит. Таа не е теорија на заговор, не е дезинформација, не е дел од ‘инфодемијата’. Големите технолошки компании едноставно ги цензурираат неистомислениците“.

Како одговор на твитот на Јанг, Илон Маск одговори велејќи: „Шведска беше во право“ и прикачи слика со податоци за смртноста од ковид во земјата.

„Грејтбарингтонската декларација“ е предлог, напишан и потпишан во Американскиот институт за економски истражувања во Грејт Барингтон, Масачусетс, на 4 октомври 2020 година, кој се однесува на борбата со епидемијата на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе