Илон Маск се закани дека ќе се откаже од купувањето на Твитер

Милијардерот Илон Маск се закани дека ќе се откаже од договорот за 44 милијарди долари да ја купи компанијата Твитер доколку социјалната мрежа одбие да му достави податоци за спам и лажните профили.

EPA-EFE

Маск во писмо до компанијата наведе дека тие „јасно ги кршат обврските“ кон него и предупреди дека го задржува правото да го откаже договорот за купување.

Ова е првпат Маск официјално да се закани со откажување, досега тој за тоа само пишуваше на Твитер.

Социјалната мрежа претходно го намалуваше значењето на предупредувањата на Маск дека договорот е „на чекање“, тврдејќи дека податоците кои ги бара ќе му помогнат во раководењето со Твитер, а не во спроведување детална анализа и повторно отворање на преговорите.

Маск во март кажа дека „привремено е замрзнат“ договорот додека чека компанијата да му достави податоци за бројот на лажни профили.

„Маск верува дека Твитер отворено одбива да ги почитува обврските од договорот за спојување, што предизвикува сомнеж дека компанијата ги крие бараните податоци“, се наведува во писмото.

Основачот на Тесла ја доведе во прашање точноста на податоците кои Твитер ги доставилз а спам профилите, според кои тие сочинуваат помалку од пет отсто од корисничката база. Маск тврди дека вистинската цифра мора да биде околу 20 отсто.

Тој тврди дека податоците му се потребни за да спроведе сопствена анализа на корисниците на Твитер и дека не верува во методологијата на компанијата.

„Маск очигледно има право на бараните податоци, кои би му овозможила да се подготви за пренос на бизнисот на Твитер во негова сопственост и за да се олесни финансирањето на трансакцијата“, наведоа неговите адвокати.

Твитер не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.

Акциите на компанијата рано утринава паднаа за 5,5 отсто и вредат 37,95 долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе