Илон Маск: На изборите во 2024 година би го поддржал Десантис

Политичките експерти му даваат високи оценки на Десантис, кој се смета за потенцијалниот предизвикувач на поранешниот претседател Доналд Трамп меѓу републиканците за претседателските избори.

Фото: ЕПА

Милијардерот Илон Маск изјави дека ќе го поддржи Рон Десантис на изборите во 2024 година доколку гувернерот на Флорида се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави.

„Да“, рече Маск откако беше прашан на Твитер дали ќе го поддржи Десантис, пренесува Ројтерс.

„Мојата наклонетост за претседател во 2024 година ќе ја добие некој разумен и некој што ќе ја промовира идеологијата на центризмот или умерени ставови помеѓу екстремната левица и екстремната десница“, рече Маск.

Доналд Трамп пред 10 дена соопшти дека повторно ќе се кандидира. Но, политичките експерти му даваат на Десантис високи оценки.

Десантис го победи демократскиот противкандидат Чарли Крист за речиси 20 отсто претходно овој месец за да биде реизбран за гувернер на Флорида, но, исто така, се зацврсти како најголемата ѕвезда во подем на Републиканската партија.

Маск исто така вели дека се надевал дека тоа ќе биде случај со администрацијата на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Но, досега бев разочаран“, изјави претходно Маск.

Тој нагласи дека е значаен поддржувач на претседателствата на Барак Обама и Бајден и дека неволно гласал за Бајден поради Трамп.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе