Илон Маск: Лага е дека Трамп ме поттикна да го купам Твитер

Илон Маск го демантираше тврдењето на Девин Нуњес, шефот на социјалната мрежа на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, дека Трамп го поттикнал да го купи Твитер.

EPA-EFE

„Ова е лага“, напиша Маск под постот на Твитер на Њујорк пост за тврдењето на извршниот директор на компанијата Трамп медија & технолоџи груп.

Маск порача дека тој немал никаква директна или индиректна комуникација со Трамп и додаде дека поранешниот американски претседател јавно кажал дека ќе ја користи исклучиво својата социјална мрежа Трут соушал, пишува Си-ен-би-си.

Нуњес, за време на свето интервју за Фокс, сугерираше дека наводното поттикнување на Трамп Маск да го купи Твитер е во согласност со мисијата на Трут соушал.

„Затоа го поттикнавме Илон Маск да го купи бидејќи некој мора да продолжи да се пресметува со тие технолошки тирани. Доналд Трамп сакаше да обезбеди американскиот народ да добие свој глас и дека интернетот е отворен и тоа е она што ние го правиме“, кажа Нуњес.

Твитер во јануари 2021 на Трамп му го забрани користењето на таа мрежа по упадот на толпата во Капитол. Самиот Трамп неодамна изјави дека нема да се врати на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе