Медведев вчера на Твитер објави: „Збогум Лиз Трас, ѝ честитам на салатата“, алудирајќи на вчерашната оставка на британската премиерка Лиз Трас, чие владеење во Британија го споредија со траењето на главица зелена салата.
На тоа Маск му напиша: „Прилично добро тролање, да бидам искрен“.
Потоа го праша Медведев „како оди во Бахмут“, еден од украинските градови каде што руските трупи напредуваат.
Медведев му одговори: „Се гледаме на Денот на победата во Москва“.