Икеа почна да произведува заштитна опрема за медицинските работници

Шведскиот произведувач на мебел Икеа соопшти денес дека почнува да произведува заштитна опрема за болниците за да ги снабди со потребните средства за борбата против пандемијата на коронавирусот.

Водечката светска марка за мебел почна да произведува опрема за болници како заштитни одела и маски, најавувајќи дека во претстојниот период планира да го зголеми производството.

Во разговорот за Ројтерс менаџерот на Икеа за глобална набавка Хенрик Елм ја истакна стабилната побарувачка за канцелариски мебел бидејќи голем број луѓе поради вирусот работат од дома.

Тој ги потврди и зачестените нарушувања во синџирот за снабдување поради ширењето на коронавирусот во Европа и САД. Тесните грла главно се создаваат поради неправилното функционирање и затворањето на границите, додаде Елм.

Икеа релативно добро ги надминала тие пречки со распоредување резерви во магацини на неколку локации.

Не очекува недостиг од дрво или други материјали, но го загрижува наоѓањето простор за складирање на стоката во транзит кон пазарите во Икеа привремено ги затворила продавниците.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе