Идната премиерка на Италија: На Тито да му се одземе орденот, тој е одговорен за колеж

Џорџа Мелони по сè изгледа ќе стане првата премиерка на Италија на чело на десно ориентирана влада откако нејзината конзервативна коалиција триумфираше на неделните парламентарни избори.

EPA-EFE

Нејзината партија Браќа на Италија израснала од Социјалното движење (МСИ), а го формирале поддржувачите на Бенито Мусолини по неговата смрт во април 1945.

Мелони инсистира дека во нејзината партија која има евроскептична, националистичка програма „нема место за носталгија по фашизмот“. Сепак, ги отфрла повиците од партиското лого да го отстрани пламенот во боите на италијанското знаме преземен од логото на неофашистичката МСИ.

Во меѓувреме, почнаа да се објавуваат некои нејзини претходни изјави кои се однесуваат на Хрватска и поранешна Југославија.

„Јас секогаш бев против влегувањето на Хрватска во ЕУ сè додека не дојде до враќање на имотите на Италијанците. Да не зборувам за враќањето, директно, на Истра и Далмација“, кажа своевремено Мелони, кој пред неколку месеци објави статус за Јосип Броз Тито.

„Апсурдно е да му се укажува чест некому кој е одговорен за колеж на Италијанци. Браќата на Италија уште одамна претставија предлог закон за да се стави крај на овој срам. Жртвите и нивните најблиски заслужуваат почит и правда: веднаш да му се одземе орденот на Италијанската Република на маршалот Тито“, напиша Мелони во февруари оваа година на својот профил на Фејсбук.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе