ИАЕА ќе го информира Иран за својата намера да ги зголеми зачестеноста и интензитетот на инспекциските активности, изјави генералниот директор на организацијата за агенцијата Франс прес.
Иранските државни медиуми вчера објавија дека Иран почнал да произведува збогатен ураниум со 60 проценти чистота во подземната нуклеарна централа Фордо како одговор на нуклеарната резолуција на Обединетите нации.
Иран веќе произведува ураниум со чистота од 60 проценти во својата нуклеарна постројка Натанз во централен Иран.
Збогатувањето од 60 отсто е под 90-те отсто потребни за производство на оружје, но многу над 20-те отсто произведувани пред нуклеарниот договор на Иран со меѓународните сили во 2015 година.
Легенда под Главна слика
Фото: ЕПА