ИАЕА ја повикува Русија да го ослободи притворениот директор на украинската нуклеарна централа

Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА побара ослободување на директорот на најголемата нуклеарна централа во Украина, кој наводно бил киднапиран од руска воена патрола.

Фото: ЕПА

Повикот на Гроси доаѓа два дена по апсењето на Игор Мурашов.

Мурашов е приведен на патот меѓу електраната во Запорожје и градот Енергодар во Украина.

Гроси „изрази надеж дека Мурашов брзо и безбедно ќе се врати кај своето семејство и дека ќе продолжи да ги извршува своите важни функции во електраната“, објави ИАЕА на Твитер.

Останува нејасно зошто точно е приведен Мурашов. Руските власти сè уште не соопштуваат информации за неговото приведување.

Електраната Запорожје и нејзината околина се под контрола на руските сили од март, додека украинскиот персонал продолжи да управува со објектот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе