ИАЕА ја повика Русија веднаш да се повлече од електраната Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) ја донесе третата резолуција од избувнувањето на војната во Украина, повикувајќи ја Русија да ги прекине сите дејствија во украинските нуклеарни постројки, особено повикувајќи на итно повлекување од електраната Запорожје.

Фото: ЕПА

Одборот на гувернери на таа агенција на ОН има 35 члена, а како што дознава Ројтерс од дипломатите, кои гласале зад затворени врати, за резолуцијата гласале 24 земји, Русија и Кина биле против, додека Кенија, Намибија, Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Виетнам биле воздржани.

„Изразуваме сериозна загриженост што Руската Федерација не ги послуша повиците на Одборот веднаш да ги прекине сите дејства против и во нуклеарните постројки во Украина и бараме тоа да го стори веднаш“, се вели во текстот на резолуцијата.

Одборот, исто така, изрази загриженост поради неприфатливиот притисок и приведувањето на украинскиот оперативен персонал во нуклеарната централа Запорожје, како и постојаните прекини на надворешното снабдување со електрична енергија по гранатирањето во околината.

Како што пишува Ројтерс, украинскиот персонал продолжува да работи со електраната Запорожје во услови за кои ИАЕА оцени дека ја загрозуваат безбедноста на централата. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето што ги оштети зградите во нуклеарната централа и ги прекина далноводите важни за ладење на горивото на реакторот и за избегнување на нуклеарно топење.

Украинскиот персонал продолжува да работи со електраната Запорожје во услови за кои ИАЕА оцени дека ја загрозуваат безбедноста на централата (Ројтерс)

Шефот на ИАЕА, Рафаел Гроси, повика на воспоставување заштитна зона околу централата, со цел да се запре гранатирањето и да се намали ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе