И во Русија откриена позаразната подваријанта на делта-сојот на коронавирусот

По Израел и некои европски земји, и Русија пријави случаи на инфекција со новата варијанта на делта-сојот на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна, поради рекордното зголемување на бројот на заразените и починатите, што ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни санитарни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.

Фото: ЕПА

Можно е варијантата AY.4.2 нашироко да се прошири, изјави денеска вишиот истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор, Камил Кхафизов.

Тој додаде дека новата подваријанта би можела да предизвика скок на стапката на нови случаи на ковид-19, а на крај дури и да го замени делта-сојот, иако, како што наведе, процесот веројатно ќе биде бавен.

Русија има убедливо најголем официјален број на смртни случаи од ковид-19 во Европа и четврти најголем во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе