И Канада најави дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг

Канада ќе им се придружи на сојузниците во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Кина во февруари следната година, со цел да испрати порака за човековите права до Кина, изјави премиерот на Канада Џастин Трудо.

Фото: ЕПА

Пред Канада, во средата за дипломатски бојкот се одлучија Австралија и Велика Британија, а први тоа го сторија САД.

„Многу партнери низ светот се крајно загрижени поради постојаното кршење на човековите права во Кина. Затоа објавуваме дека нема да испраќаме дипломати во Пекинг“, рече Трудо, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на кинеската амбасада во Канада го обвини Трудо за лажни тврдења.

„Врз основа на идеолошка пристрасност, како и на лаги и гласини, Канада и некои западни земји флагрантно изведуваат политички маневри, обидувајќи се да го нарушат напредокот во бојкотот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Нивната несмасна претстава тешко може да наиде на каква било поддршка и е осудена на пропаст“, рече портпаролот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе