Хрватскиот претседател Милановиќ е против карантин и полициски час

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави денес дека не се сложува со оние кои се залагаат за воведување полициски час како мерка во борбата против коронавирусот кажувајќи дека тие што тоа го предлагаат треба да се „стават во марици“.

EPA-EFE

„Ова е борба за здравјето, но пред сѐ за менталното здравје на човештвото. Мислам дека оние кои зборуваат за полициски час треба да се стават во марица. Од изразот „полициски час“ на човек му се ежи кожата“, им кажа Миланови на новинарите во Загреб.

Тој додаде дека тие кои тоа го прават треба да се носат со последиците на тие одлуки.

„Без уставна подлога тоа се вика кршење на човековите права“, додаде хрватскиот претседател, прашувајќи дека тоа значи дека во евентуалниот полициски час „полицајци со пушки ќе одат наоколу и ќе апсат“.

Милановиќ истакна дека сегашните мерки се доволни, а дека луѓето се преплашени. „Треба да се биде внимателен и повеќе од тоа не е возможно“, истакна тој.

Милановиќ оцени дека кога сѐ ќе помине, Шведска мора „или да се избрише од картата или да им се даде да го водат цел свет, бидејќи само тие се однесуваат како да им е во прв план менталното здравје“.

Поради сѐ поголемиот притисок врз здравствениот систем, властите секојдневно апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките, држењето физичка дистанца и носењето заштитни маски во затворените простори, а на отворено ако не е возможно да се држи физичка дистанца.

Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 2.772 нови случаи на зараза со коронавирусот, а умреле 20 лица, соопшти денес Националниот штаб за цивилна заштита.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе