„Донесена е нова одлука со која се забранува преминување на граничните премини, се однесува на европските региони. Патниците што доаѓаат од зелените зони на ЕУ не мора да имаат ПЦР-тест ниту некој друг услов за да влезат во Хрватска. На сите други им треба негативен ПЦР-тест што не е постар од 48 часа, или се тестираат при пристигнувањето во Хрватска и чекаат во изолација до резултатот од тестот“, рече министерот Давор Божиновиќ.
„Во моментов единствената зелена зона во ЕУ е Фаста во Финска“, рече Божиновиќ, пренесува Индекс.
Како што рече, кога станува збор за трети земји, патниците од нив не можат да ги преминат границите на Хрватска.
„Освен неколку исклучоци, а еден од нив е негативен ПЦР-тест. Граѓаните на ЕУ што доаѓаат од трети земји можат да влезат во Хрватска со негативен ПЦР-тест“, додаде Божиновиќ.
Влез без негативен ПЦР-тест за граѓаните на ЕУ е дозволен, на пример, за морнари и транспортни работници, дипломати, персонал на меѓународни организации, лица што патуваат од нужни причини, патници во транзит со обврска да ја напуштат земјата во рок од 12 часа и за пациенти што патуваат од неопходни здравствени причини.
Пограничните здравствени работници, ученици, студенти и практиканти што патуваат секој ден не мора да имаат негативен ПЦР-тест, под услов да не престојуваат во Хрватска повеќе од 12 часа.