Хрват го славел Денот на Републиката, соседите го пријавиле во полиција за знамето на СФРЈ

47-годишен маж вчера, на 29 ноември, во местото Јакшиќ кај Пожега на својата куќа го истакнал знамето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, јави полицијата.

EPA-EFE

Локалната полиција јави дека со тоа ги навредил моралните чувства на граѓаните. Против 47-годишниот Хрват следува обвинителен предлог поради извршен прекршок против јавниот ред и мир.

Денот на Републиката беше празник во поранешна СФРЈ кој се славеше на 29 ноември. Ја одбележуваше годишнината од Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943, кога претставниците на партизанското движење на отпорот го прогласија федералното уредување на Југославија и уставотворното собрание на ФНРЈ на 29 ноември 1945. Денот на Републиката престана да се одбележува со распадот на Југославија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе